Мајкл Пекард, подводен трагач на јастози за време на еден свој нуркачки подвиг се нашол во устата на кит и за случката да биде уште поневообичаена, тој не само што извлекол жива глава, туку и поминал со полесни повреди.

Како и секој друг вообичаен ден, Пекард во петокот се нурнал во вода следејќи ја своајта пасија – да бара јастози, кога одеднаш сѐ пред него станало црно.

Одеднаш почувствував силен притисок и сѐ околу мене беше црно. Можев да почувствувам како се движам и како китот ги стега мускулите во устата, се присетува Пекард на излегување од болницата Кејп Код во Хијанис.

Тој отпрвин мислел дека е голтнат од голема бела ајкула, но со оглед на тоа што не ги почувствувал нејзините заби, а и не се здобил со потешки повреди, сфатил дека всушност се наоѓа во устата на кит.

Бев целосно внатре и си мислев дека нема шанси да извлечам жива глава, додека во умот постојано ми се вртеа моите два сина.

Неговата проценка е дека бил во утробата на китот од 30 до 40 секунди пред тој конечно да исплива на површина.

Видов светлина, китот започна да ја фрла главата настрана и следно што знаев е дека сум надвор од него, раскажува Пакард.

Повеќе на: Кејп Код Тајмс