Колев: Гласав затоа што секој еден од нас треба да каже како ќе се развива нашата држава од денеска па натаму

44

Претседателот на Граѓанско демократската унија, Петар Колев денеска гласаше на своето гласачко месо во училиштето „Славејко Арсов“, во штипската населба Баби.

По гласањето истакна дека гласал за младите во политиката и почнување на процес на промена преку личен пример.

-Гласав затоа што секој еден од нас треба да каже како ќе се развива нашата држава од денеска па натаму. Ние како ГДУ се обидовме и до последниот ден водевме позитивна кампања и се надевам дека позитивизмот ќе вроди со плод во нашето општество. Знаете имам измешани чувства, како човек кој се јавил на интервју за работа пред граѓаните за минималец од 14.500 денари, а моите работодавачи се уште не знам дали ме одобриле и дали ќе ми дадат шанса да ја работам работата за која сум се нафатил – вели Колев.

Претседателот на ГДУ посакува мирен изборен ден на сите избирачки места во земјава и дека на крајот како што рече демократијата ќе победи.