Тинејџерката Коко Гоф (САД) ја елиминираше минатогодишната шампионка Наоми Осака (Јапонија) во третото коло на Австралија опен. 15-годишната дебитантка на Мелбурн Парк, Гоф триумфираше против број 3 во шемата Осака со 6:3, 6:4 за 67 минути ира.

Јапонката немаше свој ден, правејќи 30 неизнудени грешки и освои само 33 проценти од поените на втор сервис.

– Неверојатно е. Пред две години изгубив во првото коло кај јуниорките, а сега сум тука со жените и ја победив шампионката од минатата сезона. Јас го освоив првиот сет, остварив предност и во вториот. Сè уште не можам да верувам што се случува, прокоментира Гоф во своето интервју на теренот по натпреварот.