Турскиот кошаркарски гигант, екипата на Фенербахче, е блиску да оствари договор на три години со Игор Кокошков, асистентот на Сакраменто и селектор на Србија. По заминувањето на Жељко Обрадовиќ, турскиот гигант тргна во потрага по нов квалитетен тренер, а истиот го најде во НБА лигата. За поранешниот тренер на Феникс ова ќе биде прв ангажман на Стариот континент на клупски план, претходно работеше во селекцијата на Словенија која ја одведе до историскиот златен медал на Европското првенство во 2017 година.

Во Шпанија, пак, пристигна Шарунас Јасикевичиус, кој во следните три сезони ќе го предводи шпанскиот вицешампион Барселона. Јасикевичиус го менува Светислав Пешиќ на клупата по загубената титула од Басконија. Литванскиот стратег го напушти Жалгирис за да се врати во екипата каде што како играч мина два мандати – од 2000 до 2003 година и во сезоната 2012/23.