Кокошки снеле јајца со зелени жолчки на фамилијарна фарма

356

Фотографиите од кокошкини јајца со темнозелена жолчка станаа вирален хит на интернет и посебена особеност на социјалните мрежи, збунувајќи ги ветеринарните стручњаци како и пошироката јавност.

Првобитно се сметало дека резултатот е дигитално уредување на слики, односно фотошоп, виралните фотографии на зелени јајца на крајот доведоа до фармерот Ак Шихабунхин, одгледувач на пилиња од Малапурам, кој потврди дека неговите кокошки, всушност, несат јајца со зелени жолчки. За да го докаже своето тврдење, младиот фармер дури објави видео на кое се гледа како крши јајца и ја покажува темнозелената жолчка.

Неодамна, на новинарите им кажа дека новинарите и ветеринарите од цела Индија го контактирале во последните во врска со неговите чудни јајца, ама и тој самиот е еднакво збуден како и сите останати со овие кокошкини јајца со зелена жолчка.

Пред девет месеци првпат добив такво јајце со зелена жолчка од кокошка во нашата мала живинарска фарма, Шихабудин за „Њуз минит“.

„На почетокот се чуевме и не ги користевме јајцата за консумирање. Сите јајца кои ги снесе кокошката се од ист вид и така почнавме да инкубираме јајца. Од шест пилиња кои излегоа од овие јаца неколку почнаа да несат зелени јајца, а тие жолки се, исто така, со зелена боја.

Ал Шихабуден изјави дека тој и неговото семејство ги консумирале зелените јајца и немале чудни симптоми. Додаде дека имаат вкус како нормални јајца.

Индиските медиуми пренесуваат дека ветеринарните стручњаци се заинтересирале за овие чудно обоени јајца, односно јајца со зелени жолчки. Официјални лица од Универзитетот за ветеринарство и животни во Керала, ја посетија фармата на Шихабудин пред неколку дена да ги видат јајцата и да земат примероци за анализа во својата лабораторија.

„Почнавме да правиме неколку тестови за да ја откриеме причината за бојата. Ова е ретка појава, и голема е веројатноста дека причината е во храната што им се дава на птиците, изјави д-р С. Санкараигам, доцент за живина од универзитетскиот оддел за ветерина и животни во Керала.

 

www.singularfortean.com