Кои се книгите кои можеа да ја сменат историјата на светот?

341

Голем дел од знаењето што човештвото го чувало со векови е изгубено без трага. Великаните на човечката раса своите достигнувања и важни мисли или ги чувале и однеле со нив во гроб или ги запишале, па некој во екот на револуциите или војните ги изгорел, или, пак, некаде се многу добро скриени. Очигледно, ние никогаш нема да дознаеме кои се сите големи четива изгубени во текот на времето, но за некои по нешто се знае, иако фактите за нивното исчезнување, може да се каже дека се поразителни

Евангелието по Ева, непознат автор

Ова е, како што се смета, најсексуалната и најперверзната апокрифна книга. И јасно е и зошто не преживеала – црквата имала многу нешта да каже за неа и да ги забрани концептите што се однесуваат на ‘слободна љубов’ , што е убаво објаснето во оваа брилијантна еротска книга.

Оваа книга била толку опасна, бидејќи го доведува во прашање 2.000-годишниот целибат и ‘чистотата’ која ја проповеда христијанството. Ние никогаш не сме ја прочитале затоа што црковните великодостоинственици како Епифаниј ја исфрлиле од употреба, и што е најважно успеале во тоа.

За создавањето на сферата, Архимед

Се претпоставува дека во оваа книга се објаснува создавањето на чудата од античка Грција – планетариумот, астрономските часовници и сето она што го направиле за да си го олеснат животот.

Треба да ни биде жал што оваа книга ја нема повеќе, затоа што го опишува механизмот Антикитера, антички механички калкулатор измислен околу 100 година пред. н. е., што никогаш повеќе не се појавил меѓу уредите сè до некои 1000 години подоцна. Во книгата можело да се најде план за создавање на таков уред, така што можевме истиот да го направиме и самите во гаража. Дури и ако не постојат овие планови во книгата, самиот факт дека таква книга е напишана од „Леонардо да Винчи на антиката“, ни создава морници по ‘рбетот. Дури и најсовремените стандарди се бледи во однос на грчкиот концепт за механика, и ние само можеме да замислиме што тој сè запишал во книгата.

Сè што е останато од примероците е некаде закопано или повеќе не постои, бидејќи Римјаните сакале да палат книги, особено оние кои се непроценливи, од Александриската библиотека.

Ретки книги од Домот на мудроста (Баит ал-Хикма)

Во Големата библиотека во Багдад, тогашна Конгресна библиотека, биле скриени најретките книги (оние кои не биле уништени) од три континенти. Таа беше интелектуален центар за време на исламската „златна доба“ (околу 750-1258).

Тука Персијците сакале да ги сокријат своите достигнувања во науката, медицината, астрономијата и технологијата, но и сето она што го зеле некаде на патот. Поради ова, тие беа најголемите фраери низ вековите.

Самиот каталог бил бесценет, а библиотеката изгледала како универзитет каде што сите влегувале за нешто да научат. Во неа се напишани и скриени најголемите достигнувања досега, но за голем дел од нив луѓето никогаш нема да слушнат. Кој знае на кое ниво на развој ќе бевме како човештво да бевме малку повнимателни. Всушност, како да каскаме зад стариот свет, ништо големо не сторивме.

Се претпоставува дека Римјаните во своите градини имале растение кое било најдобро средство за заштита од бременост, но тоа е истребено. Бидејќи Багдад бил главен град на математиката и науката, веројатно се уништени и делата „Патување низ просторот“ од Мухамед или „Како ја излечив сидата“ од Хипократ. Никогаш нема да дознаеме.

Изгледа за сè се виновни Монголите. Сè што нашле во градот кога го освоиле во 1258 година фрлиле во Тигар. Оние кои преживеале раскажувале дека реката била црна од мастило, речиси една година.

Остаток од Епскиот циклус, разни автори

Тоа е остатокот од епската сага за Троја, каде што се „Илијада“ и „Одисеја“. Целата спектакуларна сага всушност има осум делови, а Хомер потпишува две. Циклусот зборува за комплетната авантура на Одисеј, за која Аристотел во својата „Поетика“ вели дека описите на Хомер се само парчиња и најинтересните делови.

Како што е познато, овие приказни имале неверојатно влијание врз литературата и музиката, театарот, филмот, танцот, луѓето… Дури и „Илијада” можеби е најпознатата нерелигиозна приказна на светот, а ние знаеме само еден мал дел.

Хермократ, Платон

Делата на Платон „Критон“ и “Тимај“ се претпоставува дека се транскрипти од најголемите мислители. Со „Хермократ”, кој има блиски врски со овие два дела, можат да сочинат совршена трилогија. Во неа се спомнуваат концепти како што се молекули или златни пресеци, и оваа книга сигурно ќе влијаела врз подоцнежните мислители.

Бидејќи втората книга завршува малку „незавршено“, на половина реченица, се очекува дека третата, изгубена, ќе ја покрие судбината на Атлантида, која инаку многу се споменува во првите две.

Сега никој нема ни најмала идеја каде би можела да биде книгата. Се шпекулира и дека Платон никогаш не ја завршил.

Аb urbe condita libri (За создавањето на градот), Тит Ливиј

Детална историја за Рим од тројанските предци до владеењето на царот Август 800 години подоцна, што имплицира дека тука е напишано сè што на друго место не е. Книгата има точно 142 томови, и секој што ја допрел или фрлил љубопитен поглед на неа, се согласува дека е спектакуларна. Кога паднало Западното Римско царство, делото на Ливиј било единствената работа што требало да сведочи за сè што се случувало. Сега и тоа го нема.

Замислете да пронајдете книга како „Египетска архитектура“ и да ја решите мистеријата за тоа како се изградени пирамидите. Е, оваа книга би го сторила истото. Целата историја на Рим од тој период ќе биде разрешена.

Само еден дел од историските студии на Ливиј ѝ помогнаа на Италија да го создаде она што ние денес го нарекуваме ренесанса, а сите негови познати дела сега се достојни за восхит. На Европа и требаа илјада години за да сфати дека старите книги по падот на Рим ќе бидат потребни, па кога Италијанците почнаа да бараат по пепелта и старите ковчези, пронајдоа 35 книги од оваа серија. Целата историја на Стариот Рим е базирана на овие податоци.

Книга за Божјите војни, напишана од самиот Бог

Изгубената книга, наводно, зборува за војните на Мојсеј, Исус Навин и Израелците кои оделе по Светата земја. Ако преживеала, таа би била толку популарна како и Библијата денес, бидејќи се вели дека била напишана од самиот Бог (директно или индиректно)…