Невидена убавина на природата завиена во купишта ѓубре! Ова е сликата од преубавиот Козјак од овој викенд. Малку е да се каже СРАМОТА, за се она што бројните посетители го оставија зад себе уживајќи во убавините на природата.

Скари чадеа на сите страни ( и покрај забраната), се јадеше и пиеше, далеку од градската врева и зараза од градските контејнери. Но, да излезеш во природа, да ја наполниш душата со природа и да ја затрупаш со купишта ѓубре е безобразно. Што очекувате, дека некој треба да оди по вас и да ви го исчисти за да следниот викенд дојдете пак во чиста природа да уживате? Не, надлежните треба да го остават сиот ваш срам, да ве дочека и следниот викенд, да уживате во она што сте го посеале!

Ви ја доловуваме атмосферата низ објективот на наш сограѓанин кој ги испрати фотографиите до редакција ВЕЧЕР. За останатото заклучете сами!

А за патот да се стаса до таму, во некоја друга прилика, кога дупките ќе станат поголеми кратери!

(В.М.Б.)