Кого сѐ видовме на Експо сцената во Тел Авив

178

ГЛАСАЊЕТО ЗАПОЧНУВА!

Натпреварувачкиот дел го затвори Мики од Шпанија со порака да го тргнеме Превезот на предрасуди.

Интересната балада Zero Gravity со оперски елементи ја отпеа Австралијката Кејт Милер Хајдк.

За Швајцарија настапи Лука со песната She Got Me.

Претставничката на Србија Невена самоуверено ја отпеа Круна.

Билал Хасани ја претставува Франција и испраќа универзална порака за прифаќање на себеси со песната Крал на Европа.

Весела е Белорусинката Зена која во песната Like It на потенцијалната љубов ѝ ветува дека нема да се откаже.

Азербејџанецот Чингиз, го покажа моќниот глас со песната Вистина.

„Омразата ќе победи, Европа ќе се распадне“, песимистички се расположени членовите на исланскиот антикапиталистички, БДСМ, техно-дистописки, уметнички колектив „Хатари“.

Супермоќи имаат членовите на норвешката група „Кеино“. Иако е заснована на норвешката митологија итрадиционален звук, песната Spirit in the Sky има елементи на индијански танц.

Повеќекратниот евровизиски рекордер Велика Британија ја претставува Мајкл Рајс со композицијата Better Than Us.

Пејачката која ја споредуваат со големи музички имиња како Ејми Вајнхаус, Гркинката Катарина Дуска ја отпеа Доаѓа подобра љубов.

Израелецот Коби Марими е тргнат Дома (Home), иако е веќе дома.

Кипарската претставничка Тамта е решена нејзината песна да оди на Replay до следната година, ама за тоа ќе одлучи публиката.

Швеѓанецот Џон Лундвик се прашува дали е Доцна за љубов (Too Late For Love), но очигледно не губи надеж. Тој е автор и на песната што ја изведува Велика Британија, па има двојна шанса.

Повратникот на евровизиската бина Серхат од Сан Марино, е заслужен што неговата земја по втор пат е во финалето. Неговата песна е Say Na Na Na.

Нас горди, најгорди нѐ направи Тамара Тодевска.

Женското дуо „Сестри“ (S!sters) се надева дека ќе ја врати Германија во евровизиската игра.

Врисок, дожд и визуелни клонови на Сергеја Лазарев се адутите на рускиот претставник.

Младата Данка Леонора не препорачува политика, таа е за Љубов и тоа на неколку јазици.

Албанската пејачка, презентерка и водителка Јонида Малиќи до финалето стаса со песната Враќање во земјата.

Фантастичен настап на претставничката на Албанија

Дали ќе има успех младешкиот ентузијазам на Friend of a Friend, на чешлата група „Лејк Малави“?

Мразот во финалето на 64. „Евросонг“ го проби претставничката на Малта со Камелеоном.