Шесткратниот светски шампион во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон, посакува да остане во редовите на Мерцедес и по завршувањето на својата кариера. Британецот ги освои сите шест титули со мотор на Мерцедес, од кои пет како возач на германскиот тим, а една со екипата на Мекларен. Неговиот договор истекува на крајот од следната година, но посочи дека после тоа ќе остане во Формула 1.

  • Ништо не е напишано на камен, но уживам во тоа што го работам и не гледам причина зошто да застанам во таков случај. Нè чекаат големи промени и тоа би бил голем предизвик за мене како возач, да ги искористам своите вештини и сè што научив со текот на годините. Сакам да го водам мојот тим во вистинската насока за развој на брз болид, а сепак да бидам константен. Не се пронаоѓам на друго место, сакам да останам во Мерцедес, да бидам дел од брендот и историјата. Идејата ми е да бидам тука, тим со кој сум од 13 години. Но, ќе видиме што ќе се случи, истакна Хамилтон.

Британецот е најуспешниот возач на Мерцедес со 83 победи, а негов најблизок придружник е Нико Розберг, кој имаше 60 помалку. Тој исто така има повеќе триумфи во болид на еден производител, со што го надмина рекордот на Михаел Шумахер, кој забележа 72 триумфи во Ферари. Исто така значи дека Хамилтон може да го надмине рекордот на Шуми кога е во прашање бројот на победи на сите времиња, бидејќи Британецот моментно има осум помалку.