Легендарната американска скијачка, Линдзи Вон (35), непријатно ги изненади своите фанови со последната објава на социјалната мрежа Твитер. Во својата кариера Вон има 82 победи на Светскиот куп и олимписко злато, а исто така освои и 20 кристални глобуси. Таа овој пат на Твитер напиша: „Кога ќе умрам, ставете ги моите трофеи во мојот гроб“.

Сосема необична желба на Линдзи која има само 35 години, но факт е дека сите овие признанија едноставно го одбележаа нејзиниот живот.