Кога љубомората ќе ти го земе умот:Го избодела сопругот кога му нашла фотографија со друга жена-нејзиниот идентитет бил уште поголем шок

239

Дефинитивно може да се каже дека љубомората не познава граници кога станува збор за жени и мажи. Доказ за тоа е оваа жена, која го прободе својот сопруг поради фотографијата со „друга жена“.

Меѓутоа, заслепена од нападот на љубомора, таа не сфатила дека на фотографијата  на која што го уловила својот сопруг во прегратка со друга жена, жената е всушност таа самата.

Полицијата во Мексико била повикана поради семејно насилство, откако соседите слушнале врисоци и извици кои доаѓале од имотот. Кога пристигнале, затекнале маж како лежи на земја со неколку убодни рани во рацете и нозете. Тие дознале дека неговата сопруга Леонора Р го сторила тоа и веднаш била приведена.

Целиот хаос бил предизвикан од фотографијата што ја пронашла Леонора. На неа, нејзиниот сопруг има односи со „друга жена“.

Како што изјавила, мрак и паднал преку очи, зграпчила нож и го нападнала. Нејзиниот сопруг на крајот го украл ножот и ја прашал зошто го прободела со нож. Му објаснила дека пронашла стара фотографија на која има секс со друга жена. Со крвави нозе и раце, тој ја земал фотографијата и и објаснил дека тоа биле тие двајца во времето кога се забавувале.

Се покажало дека Леонора не се препознала на фотографијата, бидејќи била помлада, послаба и со повеќе шминка.

Иако повредите не се опасни по живот, сопругот на Леонора е префрлен во болница и полека се опоравува, додека таа е во затвор и го чека судење.

Извор:www.dailymail.co.uk