Кога – тогаш на „големата тројка“ ќе и дојде крајот

214

Рускиот тенисер Данил Медведев, ја пропушти првата можност да стане светки рекет број еден. Освојувачот на последниот грен слем турнир годинава САД Опен, не успеа да го осови Индијан Велс и на тој начин да го преземе водството од Србинот Новак Ѓоковиќ. Но, Медведев вели дека тоа воопшто не делувало фрустрирачки за него.

Не сум вознемирен што не сум прв во светот, меѓутоа вистина е дека тоа ми е прва цел. Се надевам дека кога-тогаш ќе успеам. Јасно е дека Новак имаше и падови оваа сезона, ама освои три грен слем титули и играше финале во четвртото. Чесно е да остане прв, изјави Медведев.

Тој ја коментираше и „големата тројка“ – Ѓоковиќ, Федерер и Надал.

Кога-тогаш „голема тројка“ ќе го доживее крајот. Не сум одлучил јас такво нешто. Надал и Федерер прерано ја завршија сезоната поради повреда, го пропуштија САД Опен. Ако ги погледнеме последните дваесет грен слем настани, главно победниците беа од „големата тројка“. Веројатно понатаму ќе ни биде полесно затоа што се стари. Меѓутоа, Новак може да го победи секого со 34 години, заврши Медведев.