Кога може Бред Пит, може и Андрија – урнебесни ФОТОГРАФИИ на српскиот актер

385

Дека Андрија Милошевиќ секогаш има инспирација за урнебесни објави, покажа со најновата на Инстаграм и уште еднаш ги насмеа сите до солзи. Актерот објави неколку фотографии по ред на кои позира во морски изданија, но не баш како манекен.. .

Еден додаток очигледно е незаменлив додека е на одмор со емотивната партнерка Сандра и синот Реља, кој го добија пред неколку месеци, а тоа е чантата која редовно ја „влече“ како вистински џентлмен.

Духовитиот Андрија позираше во свој стил, а дека до солзи ги насмеа следбениците говорат и интересните коментари кои ги доби.

Хахахах… Кога ќе помислам дека нема повеќе, повторно ме убедуваш дека има“, му напишал Енес Бешлагиќ, додека Андреј Маричиќ му порача: „Ако може Бред Пит, може и Муњослав“.

„Донатела Версаче веднаш ќе те земе за реклама“, „Каква будала е ова, позитивна се разбира“, „За малку ќе се задавев со кафето од смеење“, „Сликата број 4ми е хит“, „Ти си невиден крал “, „Без тебе чантите би биле никој и ништо“, се само дел од бројните коментари.

„Се трудам… Хипстерот во мене се буди“, е коментарот на Андрија на оваа урнебесна објава.