Кога за Македонската филхармонија инспирацијата е – љубов… : Моќниот звук на вечните мелодии создава музичка магија

108

Оркестарот на Македонската филхармонија под диригентската палка на Борјан Цанев вчеравечер во час и половина пред присутните во салата изведе 16 композиции кои ја вознесуваат љубовта, а кои оставија белег во музичкиот свет, овојпат во аранжман на Владимир Николов. На концертот кој започна со композицијата “The artist” на Лудовик Бурс, публиката имаше можност да се препуќти на музичкото уживање и да ги слушне познатите композиции на Нина Симон, Енио Мориконе, Стинг, Ела Фитцџералд…

Во Македонската филхармонија вчеравечер присутните имаа можност да уживаат во моќните звуци на вечните мелодии изведени во рамките на концертот “Моја љубов”. Настанот посветен на вљубените, но и сите вљубеници во добрата музика, ја наполни салата во која присутните имаа можност да слушнат нешто сосема поразлично од класичниот симфониски концерт. Токму музичките интерпретации на мелодиите кои ја вознесуваат љубовта препознатливи ширум светот, во оригинална оркестрација, покажаа уште еднаш дека ваквите концерти со повод, привлекуваат голем интерес кај публиката.

Оркестарот на Македонската филхармонија под диригентската палка на Борјан Цанев во час и половина пред присутните во салата ги изведе 16. композиции, кои оставија белег во музичкиот свет и станаа препознатливи низ светот, овојпат во аранжман на Владимир Николов. На концертот кој започна со композицијата “The artist” на Лудовик Бурс, публиката имаше можност да се препушти на музичкото уживање и да ги слушне познатите композиции на Нина Симон “Wild is the wind” и “Feelin good” на Енио Мориконе “Малена”, на Стинг- La belleDameSans Regrets… Се слушнаа и звуците на песната “My One and Only love”-Ела Фитцџералд”, “It’s wonderful” -Паоло Конте, “Ромео и Јулија” на Нино Рота, “Beautiful Tango” на Хинди Захра…

Дел од композициите беа изведени од вокалите Огнен Анастасовски, Светлана Јовановска и Надежда Рубен, а како солисти во изведбата заедно со оркестарот на Македонската филхармонија ги слушнавме и Трајче Велков на труба и Иван Иванов на саксофон. Целата атмосфера беше надополнета и со танцовиот перформанс на Ивана Коцевска и Јована Зајкова, кои исто така ја надополнија импресијата при изведбата на две нумери.

Бурниот аплауз за оркестарот и солистите и овојпат не изостана од присутните, па изведувачите беа вратени и на бис, па концертот заврши со песната “Feeling good” на Нина Симон во изведба на Светлана Јовановска.

“Концертот “Моја љубов”, какошто најавија и исполнија од Македонската филхармонија едноставно беше конципиран да ја вознесе љубовта, да ги разбуди од сон можеби заборавените емоции преку моќниот звук и вечните мелодии кои и покрај времето на создавање не ја изгубиле магијата.