Кога е домашно – најдобро е! Едноставен џем од смокви

173

Крајот на летото и почетокот на есента секогаш се резервирани за правење на зимница, за да можеме повеќе да уживаме во плодовите на летото. Џемовите се секако омилен сладок дел од зимницата, а овојпат ви нудиме рецепт за домашен џем од смокви, без конзерванси, природен и здрав.

Состојки:

  • 2 кг смокви
  • сок од еден лимон
  • 200 гр шеќер
  • една лажица рум

Постапка:

Смоквите добро измијте ги и исечете им ги рачките. Ставете ги во тенџере и додадете додадете малку вода и шеќер и варете ги околу 15 минути додека не добиете кашеста смеса.

Додадете сок од лимон и лажица рум и варете еден час. Веднаш истурете го врелиот џем во претходно затоплени тегли и добро затворете. Чувајте го џемот на ладно место.