Ракометната репрезентација на Данска ја декласираше хрвартска во последниот натпревар од флавната фаза на Светското првенство во Египет и ја исфрли од натпреварувањето. Олимпискиот и светски шампион ги совлада „коцкестите“ со 12 гола разлика, а прити не играа во најсилниот состав. Тие најдобрите ги чуваа за завршницата на шампионатот, а имаше и такви кои мораа да бидат надвор од тимот поради здравствени проблеми.

-На Данска воопшто не ибеше важен натпреварот. Од друга страна Хрватска се бореше за пласман во четвртфиналето. Данците мораа да играат со реервниот состав, бидејќи некоклу играчи имаа стомачен вирус. И како заврши натпреварот? Данска ја понижи Хрватска. Кога го погледнав резулатот на семафорот не можев да им поверувам на очите. Со оглед на сите работи наведени погоре, тоа не требаше да биде возможно, напиша данскиот новинар Сорен Паске.

Дека бил малку исплашен пред натпреварото со Хрватска, призна и селекторот на Данците, Николај Јакобсен, но потоа видел дека нема причина за тоа.

-Морам да признаам дека имав малку страв од противникот. Стравував дека Хрватска ќе излезе со оган и ќе гине, а ние ќе не можеме да се спротиставиме. Ова беше голема тимска претстава. Јас сум импресиониран од тока као одиграа моите играчи. Морам да кажам дека неколку часа пред мечот одев по хотелските соби за да видам кој може да игра, откри Јакобсен.