„Кога вашето куче е најголемото животно кај ветеринарот, но и најголемото бебе“/ВИДЕО

71

Kајло е прекрасно бернско планинско куче кое привлекува внимание со својата величина, но и со исто толку големиот страв од ветеринари. Неговата сопственичка сподели видео од тоа како Кајло го посетува своето „најнеомилено место“, па ја насмеа заедницата „тиктокери“.

@kylo.the.berner Pretty sure he was faking it for thr free peanut butter 🥜😂 #kylotheberner #bernesemountaindog #bernesemountaindogsoftiktok #bernesemountaindoglovers ♬ original sound – Kylo the Berner


„Она кога вашето куче е најголемото животно кај ветеринарот, а во истовреме е и најголемото бебе“, напиша неговата сопственичка врз видеоснимката.

На неа се гледа како нејзиното големо милениче се крие под клупа и одбива да излезе од своето „скривалиште“, а таа не може да го намами ниту со вкусна закуска за куче.

Споделената видеоснимка стана хит меѓу љубителите на кучиња и домашни миленичиња.