Кога аеродромско обезбедување кити елка! Запленети предмети како лампиони/видео

200

Аеродромот во Вилнус, главниот град на Литванија, е украсен по повод претстојните празници, но на многу оригинален начин. На елката се поставени запленети предмети од багажите на патниците. Ножеви, кутии за куршуми и други недозволени предмети кои не смеат да се внесат во авион и биле конфискувани, менаџментот на аеродромот одличил да ја красат елката наместо лампиони.

Покрај елката поставен е напис:

„Можеме да ви гарантираме дека не сте виделе ништо слично. Ова дрво има се – од ножеви, ножици, запалки и сите други видови опасни предмети“.

Надлежните на аеродромот порачуваат дека оваа елка е пријателски потсетник за важноста на безбедносните мерки во авиосообраќајот, односно дека има едукативна намена.

„Ако не сакате вашите лични работи, кои се забранети во авион, идната година да се најдат на Божикната елка, проверете што е дозволено да се носи во багаж пред да се спакувате за патување. Безбеден пат!“ стои во пораката покрај необичната елка на литванскиот аеродром.