Ковид-19 се шири со рекордна брзина во Германија

35

Во Германија ширењето на Ковид-19 во период од седум дена достигна рекорд, јави германската новинска агенција ДПА.

Вчера тој индикатор изнесуваше 446,7, а минатата седмица – 386,5.

Институтот Роберт Кох денеска соопшти дека во изминатите 24 часа биле регистрирани
29.300 новозаболени лица и 73 смртни случаи.

Од почетокот на пандемијата во Германија вкупно се регистрирани 5.791.060 заболени лица и приближно 101.000 смртни случаи.