КОВИД-19 КОСИ: Нови 175 случаи со коронавирус во Македонија, во Скопје 131, починаа пет лица

1913

Коронавирусот во Македонија не стивнува.  Во последниве 24 часа се регистрирани 175 нови случаи, од кои во Скопје 131, а починаа пет лица.  Направени 971 тестирање. Ова го објави министерот за здравство Венко Филипче на својот ФБ профил.

По Скопје, кој е рекордер во бројот на заболени, е Куманово со нови 24 , Тетово со 5, Велес со 4, по двајца новозаболени има во Штип, Прилеп, Струга, Гостивар и Свети Николе и еден новозаразен во Охрид.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби при прием во амбуланта почина пациент од Прилеп (72 г). Во ГОБ „8 Септември“ починаа тројца пациенти од Скопје – пациентка (60 г.) примена на 5 јуни, пациент (64 г.) примен на 8 јуни и пациент (59 г.) примен на 8 јуни и еден пациент од Гостивар (72 г.) примен на 30 мај.

Во Институтот за јавно здравје регистрира 18 оздравени пациенти и тоа 12 во Скопје, три во Тетово, два во Велес, и еден во Штип.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3.538, бројката на оздравени пациенти е 1.682, на починати е 169, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1687.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа се примени 11 нови, а вкупно хоспитализирани 84 пациенти. На кислородна поддршка се 29 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

До утрово  во ГОБ „8 Септември“ примени се 22 нови, а вкупно хоспитализирани 57 пациенти. На респираторна машина се 10, a со потешка клиничка слика се уште 11 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 20 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 24 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 36 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.