Натпреварот помеѓу репрезентациите на Македонија и на Италија кој требаше да стартува денеска од 15 часот, во рамки на квалчификациите за пласман на ЕП 2022 година, е одложен поради позитивни кошаркари на коронавирус.

Кошаркарската Федерација на Македонија на неполн час до почетокот на мечот во Талин соопшти дека добила информација од ФИБА дека поради позитивни случаи на присуство на коронавирусот кај најмалку еден кошаркар, комплетниот наш тим ќе мора да направи уште еден PCR тест.

Претходно, КФМ издаде соопштвение во кое се наведува дека најмалку еден репрезентативец е позитивен на коронавирус.

  • Резултатите од последното тестирање во нашиот национален тим покажале дека Љубомир Младеновски има позитивен наод, а за Бојан Трајковски и Џејкоб Вајли следуваат дополнителни здравствени проверки. И покрај сите превземени мерки од страна на федерацијата, спроведени пред почетокот на подготовките во Скопје, но и за време на престојот во главниот град на Естонија, PCR тестирањето покажа присуство на вирусот кај еден наш кошаркар, а лекарскиот тим предводен до Др Слободан Николиќ ги очекува дополнителните здравствени наоди од дополнителните испитувања за другите двајца наши репрезентативци, чиј настап сега е доведен под знак прашалник, соопшти КФМ.