Ковид мени во белградски ресторан: Можете да порачате “фајзер чорба“, “пита со антитела“…

193
Фото: Printskrin/TV Prva

Ако го погледнете менито на еден белградски ресторан ќе сфатите дека постои и една убава страна на животот во време на пандемија

На менито се нудат јадења, т.е. имиња на јадења инспирирани од коронавирусот, па така можете да порачате специјалитети како “ќебапи на доктор Несторовиќ“, “фајзер чорба“, “пилешко во карантин сос“ “дезобургер“ или “пита со антитела“, “паста со симптоми“, но и “спутник V чорба“…

Готвачот на овој белградски ресторан, Немања Шикуљак рекол дека се работи за стари рецепти со нови називи на јадењата.

„Сакавме малку да се пошегуваме, бидејќи на сите им треба малку насмевка и забава во овие времиња“, рекол готвачот.

Во менито се најде и јадење што го носи името на министерката за труд и социјални работи, Дарија Кисиќ Тепавчевиќ.

Извор: Б92