Тренерот на Баерн Минхен, Нико Ковач, изрази мислење дека Херта вчера незаслужено стигнала до реми 2:2 на „Алијанц арена“.

– Херта имаше многу среќа за да го извлече ова реми. Но, тие се бранеа доста добро. Имавме многу ситуации, но пропуштивме многу од нив. Дури и пред Херта да направи пресврт во резултатот, имавме свои шанси и моравме да играме подобро во некои ситуации. Но, не можам да го обвинам тимот. Момците дадоа се од себе и се обидоа. Ние доминиравме и продолживме да напаѓаме. Ни недостасуваше потребна количина среќа. Честитки до Херта за нивната способност да издржи, изјави Ковач.

Тој додаде дека Баерн мора да ги надомести изгубените бодови од овој натпревар.