Старо-новиот шампион на Англија, тимот на Манчестер Сити, најверојатно ќе биде следната дестинација на хравтскиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Матео Ковачиќ. Британските медиуми открија дека агентот на Ковачиќ веќе ги договорил личните побарувања на искусниот играч за врска, кој ќе ја добие потребната дозвола да се пресели на „Итихат“ само доколку официјалната понуда не биде помала од 25 мил. фунти.