Ковачев по изјавата на Пендаровски: „Нивото продолжува да ви паѓа“

80

„Нивото продолжува да ви паѓа“, реагира бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, откако македонскиот претседател, Стево Пендаровски вчера изјави дека со политиката на негирање на македонскиот народ и јазик, Бугарија покажува дека не може да излезе од времето на Тодор Живков.

„Браво за Пендаровски! Конечно разбравме што се случи: Христо Татарчев, Гоце Делчев, Дамјан Груев, браќата Миладинови, Григор Парличев и сите други преродбеници и револуционери се идентификуваа како Бугари затоа што ги следеа упатствата на Тодор Живков“, се вели во реакцијата на Ковачев, пренесе БГНЕС.