Дома МАКЕДОНИЈА Ковачевски убедува дека ВМРО-ДПМНЕ не е против уставни измени

Ковачевски убедува дека ВМРО-ДПМНЕ не е против уставни измени

1314

Ковачевски вели дека ваквите одлуки се одлуки на сите политички партии, на целото општество, бидејќи, како што рече, ова не е процес на еден човек и една политичка партија, на една Влада, туку процес во кој треба да учествуваат сите за подобра и попросперитетна иднина.

Државата е на вистински пат, а од меѓународните партнери имаме потврда за тоа, потенцира премиерот.

-Ние денес сме пример на општество што ги решило своите односи и што може да се види во извештајот на ООН каде што Охридскиот рамковен договор е наведен како договор со трајно решение во земја со разноликост. Многу пат сме го верификувале македонскиот јазик и идентитет, кажа меѓу другото Ковачевски пред новинарите.