Ковачевски на средба со Американскиот еврејски комитет

27
На маргините на 77. Генерално Собрание на Обединетите Нации во Њујорк, премиерот Димитар Ковачевски оствари средба со делегација на Американскиот еврејски комитет предводена од претседателот Мајкл Тичнор и извршниот директор Дејвид Харис.
На состанокот, како што информира владината прес-служба, било изразено задоволство од успешната соработка меѓу Република Северна Македонија и Американскиот еврејски комитети и уште еднаш биле повторени заложбите за внесување на еврејската заедница во Уставот на Република Северна Македонија.
Разговарано е и за значењето на стратешкото партнерство меѓу Република Северна Македонија и САД, при што било истакнато дека земјава останува стабилен стратешки партнер и докажан сојузник на САД.На средбата е оценето дека билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Израел се на високо ниво и дека постои голем потенцијал за продлабочување на соработката во областа на безбедноста, економијата, трговијата, но и во енергетиката, земјоделството, стратапите и технологијата.