Ковачевски и Мицотакис ја констатирале заемната волја за зајакнување на билатерални односи и соработка

25

Заемната волја за зајакнување на повеќеслојните билатерални односи и билатералната соработка, со акцент на економскиот и трговскиот сектор, била констатирана за време на телефонскиот разговор на премиерите на Северна Македонија и Грција Димитар Ковачевски и Кирјакос Мицотакис, информираат од кабинетот на грчкиот премиер, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис му честитал на Ковачевски за преземањето на функцијата и ја повторил поддршката на Грција за европската перспектива на Западен Балкан и Северна Македонија, согласно поставените критериуми

Грчкиот премиер, според неговиот кабинет, нагласил дека оваа поддршка е „директно поврзана со целосното, доследно и добронамерно спроведување на Договорот од Преспа, што исто така е дел од пристапниот процес“.

Ова е прв телефонски разговор и прв контакт на премиерот Ковачевски со неговиот грчки колега