Ковачевски – Борисов: Да продолжи поддршката од Бугарија за членство на Македонија во ЕУ

32
Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, покрај програмата за неговата официјална посета на Република Бугарија одржа уште неколку активности, меѓу кои и средбата со Бојко Борисов и раководството на партијата ГЕРБ.На средбата, како што соопшти владината прес-служба, на која присуствуваа и Артан Груби, прв заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Славица Грковска, заменик-претседателка на Владата задолжена за политики за добро владеење, Бујар Османи, министер за надворешни работи, и Бисера Костадиновска-Стојчевска, министерка за култура, премиерот Ковачевски истакна дека Македонија и Бугарија започнуваат еден нов процес на соработка со цел да се обезбеди интензивирање и продлабочување на секторската соработка.
Ковачевски на средбата нагласил дека македонската Влада е подготвена за видливи и мерливи резултати од реалниот интерес на граѓаните кои се фокусираат на враќање на довербата меѓу двата народи за да се реафирмираат пријателските односи и да се поттикне политичкиот дијалог за решавање на чувствителните прашања што се отворија меѓу двете земји.За таа цел на денешната заедничка седница, истакнал премиерот Ковачевски на средбата со Борисов, се формирани работните групи за повеќе одделни области кои утврдија акциски планови за најважните приоритети, како на пример Коридорот 8.Претседателот на Владата Ковачевски на средбата со претседателот на ГЕРБ Бојко Борисов истакнал дека очекува оваа партија, иако сега во опозиција, да продолжи со политиките за поддршка на Македонија во нејзините аспирации за членство во ЕУ.Претседателот на ГЕРБ, Борисов потенцирал дека треба да се искористи покренатиот процес за надминување на разликите за да се врати довербата како придонес кон европските интеграции на Македонија.