Легендарниот шпански кошаркар, По Гасол, се сети на моментот кога беше трејдуван од Мемфис во Лос Анџелес Лејкерс. Тој пристигна во составот на „езерџиите“ на почетокот на февруари 2008 година, а подоцна стана една од клучните алку за освојувањето на две титули на клубот, во 2009 и 2010 година.

Гасол за „ЕСПН“ откри како се одвивал првиот разговор со легендарниот Коби Брајант.

  • По завршувањето на лекарските прегледи во Лос Анџелес, јас се приклучив на тимот кој беше во Вашингтон. Не требаше да играм на тој натпревар затоа што немав можност да тренираме со тимот, истакна Шпанецот, па продолжи:
  • Коби почна да ми пишува пораки од моментот кога веќе се знаеше за мојот трејд. Тој ми рече дека кога ќе дојдам во Вашингтон, ќе сака да ме посети во соба, за да ми посака до бредојде. Јас му реков дека сè е во ред, ќе биде доцна, некаде околу 1:30 часот по полноќ, па затоа можевме да разговараме наутро, но тој ми рече: „Не, не, доаѓам“.

Брајант, кој трагично загина на 26 јануари во хеликоптерска несреќа, многупати во животот раскажа колку Гасол одиграл клучна улога во освојувањето на титулите.

  • Тој дојде, бев позитивно изненаден и ми рече дека е среќен и возбуден што сум со  нив, но и дека сака да ја освоиме титулата. Од почетокот ми испрати порака за каков спортист станува збор. Тој беше вистински лидер на клубот, се потсети центарот.