Книжевна резиденција: Српската преведувачка Милена Илиќ во Скопје

107

На книжевна резиденција во Скопје во месец август престојува писателката и преведувачка од Република Србија, Милена Илиќ, информираат од издавачката куќа „Готен“.

Во рамки на својот престој во Скопје, таа работи на српскиот превод на романот „Одбројување“ од македонската писателка Фросина Пармаковска. Илиќ  заедно со други девет поети и прозаисти од нашата земја, настапи на настанот „Астални проекции“, кој е дел од манифестацијата „Турни ме да кинисам!“ во организација на КЦ 750 што се одржа во Младинскиот културен центар.

Таа пишува песни и раскази, а за книжевната сцена во нашата земја особено е важна нејзината преведувачка активност, бидејќи во последните години активно се занимава со превод на македонските автори од помладата генерација.

На македонски јазик ги има преведено книгите „Поврзи ги точките“ од Николина Андова-Шопова и „Киноутро“ (избор од поезијата) од Јовица Ивановски. Таа има објавено неколку преводи на посебни раскази или избор од поезијата на неколку македонски автори.