Книга: „28 лета“ – во магичен летен викенд

136

„28 лета“ на Елин Хилдербранд е роман од бестселер-авторката на „Трач“.

Кратката летна викенд-романса од пред дваесет и осум години се претворила во афера што трае исто толку време. Малори и Џејк се сретнуваат еднаш годишно, на само еден викенд, и тоа на исто место и во исто време. Не можејќи да бидат заедно поради сплет на околности, меѓу кои и долгогодишната врска на Џејк што подоцна преминува во брак, двајцата решаваат дека ова е единствениот начин на кој би можеле да функционираат. Во меѓувреме, и двајцата си имаат свој засебен живот од кој гледаат бегство само во тој магичен летен викенд. Но дали нивните вистински животи можат да постојат независно и незасегнати од оваа романса? По дваесет и осум години поминати во слатка агонија и исчекување, ова лето ќе се смени сѐ…