Книга: „Џорџ и непробојниот код“ – за вонземјани

111

„Џорџ и непробојниот код“ е книгата на Луси и Стивен Хокинг во која се зборува за вонземјани… Дали некогаш сте сакале да патувате во вселената?

Запознајте го Џорџ. Тој е обично момче со неверојатна тајна – има можност да доживува меѓугалактички авантури! На Ени, најдобрата другарка на Џорџ ѝ е потребна помош – и тоа веднаш. Татко ѝ работи на вселенски проект – и нешто не е во ред со целата работа. Еден робот слетал на Марс, но се однесува многу чудно. А Ени открива нешто чудно на суперкомпјутерот на татко ѝ. Дали тоа е порака од вонземјанин? Можно ли е да има живот таму надвор?

И ако можеш да зборуваш со вонземјани, што би им рекол?