Книга: “Џез” – текст претворен во музикa

129

“Џез” од 1992 година се вбројува меѓу најдобрите дела на нобеловката Тони Морисон.

Во романот, Џо Трејс, средовечен продавач на козметички производи, во зимата 1926 година, ја убива својата млада љубовница. На погребот, Виолета, жената на Џо, го напаѓа трупот на девојката. Оваа страсна, прониклива приказна за љубовта и опсесијата е исткаена од жестоки емоции, силни надежи и длабоки стравови. Живата музика и животниот стил од 20-тите години, во Харлем, ритмички пулсираат на страниците на “Џез”.

Онака како што џез-музиката често е нескротена, слободна и хаотична, така и настаните во романот се претопуваат, временските и просторните нишки се вплетуваат една во друга, минатото и иднината се мешаат, а прозниот текст се претвора во поезија и музика.