Книга: „Што ти се случило?“ – за отпорноста и исцелувањето

71

„Што ти се случило?“ на Опра Винфри и Брус Д. Пери е книга за отпорноста и исцелувањето, и може да го промени начинот на кој го гледаме животот.

Во оваа книга, Винфри споделува приказни од сопственото минато, сфаќајќи ја од искуство ранливоста што доаѓа поради соочувањето со траумите од раното детство.  Таа и д-р Пери, еден од водечките експерти за деца и развој на мозокот, здружувајќи ги силите, ја спојуваат моќта на раскажувањето приказни со науката за да ги разберат подобро и за да ги надминат ефектите од нашето минато. Во разговорот низ книгата, двајцата се фокусираат на разбирањето на луѓето, на однесувањето и на нас самите. Тоа е суптилна, но длабока промена во нашиот пристап кон траумата и тоа е она што ни овозможува да го разбереме нашето минато за да го расчистиме патот кон нашата иднина – отворајќи ја вратата за издржливост и заздравување на докажан, моќен начин.