Книга: „Шагринска кожа“ – да сакаш, да можеш и да знаеш

268

„Шагринска кожа“ е еден од оние романи на Балзак во кој се потенцира таинственото, мистичното и фантастичното, и тоа му дава посебен белег. Вивисекцијата на општеството овде се врши на поинаков начин – низ играта на мистичното и реалното што се испреплетуваат на специфичен начин.

Романот е особено актуелен, читлив и провокативен. За тоа придонесува вештото проткајување меѓу реалното, мистичното и езотеричното, кои ги уриваат временските бариери и кои се перманентен предизвик за читателите.

Во тоа е и „големата тајна за човечкиот живот“ за што зборува Балзак, тајна маестрално содржана во трите магични фрази посебно изделени во овој роман, а тоа се: „да сакаш“, „да можеш“ и „да знаеш“.