Книга: „Сè поради еден бакнеж“ – раскошна романса

127

„Сè поради еден бакнеж“ на Трејси Ен Ворен е раскошна романса со многу убедливи и сложени ликови напишана со префинет стил, полн со духовити досетки и скокотлива сензуалност.

„Бајронови ги бие глас дека се ‘луди, лоши и опасни луѓе’. И згора на тоа дека се многу негостољубиви. На преубавата Мег Амберли, никогаш не ѝ паднало на памет дека би можела да му стане вереница на лорд Кејд Бајрон. Но, еден ден, кога се најде среде снежна виулица на пат кон Шкотска, принудена е да побара засолниште, токму на имотот на Кејд. Набрзо Мег сфаќа дека е опседната со мажественоста на Кејд. Штом патиштата станаа проодни, таа има намера да си оди, но судбината повторно се заплеткува…“, посочува издавачот „Три“.