Книга: „Снег“ – за односите меѓу Истокот и Западот

107

Романот „Снег“ на нобеловецот Орхан Памук е „напнат политички трилер“.

„Памук држи толку многу топчиња во воздухот така што читателот не успева да повлече линија помеѓу неговото преиспитување на религиското верување, модерното турско општество, истражувањето на односите меѓу Истокот и Западот и суштината на уметноста“, ќе посочи Spectator.

За New Statesman, пак, „Снег“ е „интензивен и неретко генијален… го расветлува судирот помеѓу секуларниот свет и светот на екстремниот ислам подобро од кој било документарен труд“.

Орхан Памук е роден во Истанбул, 1952, и е автор е на седум романи кои се преведени на повеќе од дваесет јазици. Романот „Бела тврдина“ (1985) ја доби наградата за странска книжевност на „Индипендент“ со што му се отвори патот кон меѓународна афирмација. Следуваат „Црна книга“ (1990), „Нов живот“ (1994) и дотогаш најголемиот турски бестселер „Се викам Црвена“ (1998), кој во 2003 година му ја донесе и угледната награда IMPAC Даблин. Памук потоа го објави романот „Снег“ (2002) и „Истанбул: град на спомените“ (2003).