Книга: “Слики од животот на М.“ – во потрага по минатото

121

Добитник на наградата за книжевност на ЕУ во 2015 година, романот “Слики од животот на М.“ на Светлана Жухова ја опишува потрагата по сопственото место во светот на младата Марисија додека се соочува со неизлечливата болест на мајка си.

А како што често се случува, домот не е местото, туку луѓето што го сочинуваат. По смртта на нејзините родители, таа се враќа во Словачка, каде што живее со својот партнер и работи како медицинска сестра. Описите на нејзиното секојдневје се проникнати со сеќавањата за мајчината смрт, сопоставувајќи го нејзиното здодевно постоење со екстремноста на извесни ситуации. Семејните врски се главната тема на романот – стари и нови, тесно поврзани и далечни, како и нивното значење и бесмисленост.

“Слики од животот на М.“ дава фасцинантен приказ на современиот живот во Виена и Братислава, кои во романот се претвораат во универзален симбол на современиот урбан европски живот и на предизвиците што им ги наметнуваат на младите.