Книга: „Септемвриски светлини“ – со мрачни тајни

303

„Септемвриски светлини“ на Карлос Руиз Зафон е дело со одлики на фантастика, хорор и романтичарска книжевност и роман на авторот на „Сенка на ветрот“.

„Во него после смртта на својот сопруг, Симона и нејзините две деца го напуштаат Париз. Таа ја прифаќа работата на домаќинка во необичната куќа на мистериозниот производител на играчки Лазарус Јан. Но, идиличното местенце во Синиот залив крие свои мрачни тајни: огромна куќа населена со механички битија и сенки од минатото, енигма на необични светла што светат низ маглата околу островчето со светилник, суштеството од ноќната мора кое се крие во најдлабокиот дел на шумата“, ќе посочи издавачот „Матица македонска“.