Книга: „Приказна за Генџи“ – првиот психолошки роман

75

„Приказна за Генџи“ е класично дело на јапонската книжевност. Пишуванo во XI век од страна на благородничката Мурасаки Шикибу, цел милениум подоцна тоа сè уште фасцинира. Toa e првиот прозен класик напишан од жена, првиот психолошки роман, па дури и првиот вистински роман воопшто во книжевната историја.

Овде претставен преку првите 17 поглавја (целиот роман има 54 и се простира на повеќе од 2000 страници), „Приказна за Генџи“ опфаќа период од седумдесет и пет години и исклучително долга листа на карактери. Во основата на романот, како и во европската традиција подоцна, стои љубовна приказна исполнета со специфичен состав од препреки во нејзиното реализирање, меѓу кои примарно место добива односот маќеа – син. Во конкретниов состав од односи се вклопуваат и дворските интриги поврзани со потребата за задржување на моќта и манипулацијата со информациите што претставуваат основно средство во рацете на Мичинага за да ја одржува моќта. Наспроти интригите, се покажува и конфликтот што суштински го растројува животот на женските ликови, меѓутоа влијае и врз животот на главниот јунак Генџи.