Книга: „Преминот не е осветлен“ – топла приказна за животот

69

„Преминот не е осветлен“ на Оливера Николова е трилер исполнет со мистерија и авантура, но и топла приказна за животот и за пријателството.

„Toa врнежливо саботно утро на вратата се појави едно накиснато дванаесетгодишно момче, барајќи стара хартија. Вратата ја отвори мајка му на Игче и токму од тој момент Соколе Најденовски од Домот за деца без родители стана дел од нивните животи, а врсниците Игче и Соколе стануваат и најдобри другари. Но, набрзо откриваат дека во Домот не постои никаков Соколе Најденовски… Тогаш, кое е тоа момче и кој е всушност Соколе? Дали навистина ова дете е од Домот? Што е со необичните предмети што Соколе ги чува во домот на Игче, што е со мистериозните јавувања кај сосетката, со татко му на Соколе и со кршливиот мост до куќата на Олга Коленова…“, ќе посочи Арс Ламина.