Книга: „Под двете сонца“ – во оковите на сопствените одлуки

44

„Под двете сонца“ на Огнен Спахиќ е роман за луѓето во оковите на сопствените одлуки од кои никако не можат да се ослободат, роман за луѓето чии состојби и чувства многу често се огледуваат во тишина, во молчењето и во неискажаното.

„Огнен Спахиќ покажува исклучителна способност да создаде моќни, впечатливи ликови длабоко обоени со локалната историја. Бранимир Бато Лончар, поранешен капетан на ЈНА, живее на светилник на Јадранот заедно со својата сопруга Даница. Казнети се откако Бато се спротивставил на затворањето на воените затвореници од фронтот кај Дубровник во логорот Морињ кај Бока Которска. Разорени се и од личната трагедија што ја доживуваат кога Даница по неуспешната бременост останува неплодна. Едно лето Невена и Митар, пар во криза на средните години, ќе постават шатор пред светилникот. Заедничката вечера ќе промени сè во нивните животи“, ќе посочи издавачот „Антолог“.