Книга: „Петтиот брод“ – за децата и родителите

55

„Петтиот брод“ на Моника Компаникова е роман за односот на децата и родителите во кој недостига интимност и љубов.

„Приказната е пренесена преку перспективата на Јарка, дванаесетгодишно девојче кое живее со својата млада, но несозреана самохрана мајка и со својата незаинтересирана и дистанцирана баба. Во ова семејно јадро нема суштинска поврзаност, ниту блискост. Емоционално запоставена и препуштена сама на себе среде џунглата на бетонски згради во една населба во Братислава, Јарка мечтае за место каде што ќе се чувствува своја на своето. Нејзините постапки се трогателен и искрен детски обид да го поправи светот на возрасните и да биде дел од семејство какво што сонува да има“, посочува издавачот „Антолог“.