Книга: „Песот со тажен поглед“ – фикција испреплетена со факти

65

„Песот со тажен поглед“ на реномираната македонска писателка Оливера Николова е добитник на наградата „Роман на годината“ за 2019 година.

„’Песот со тажен поглед’ од Оливера Николова е роман, кој својата приказна ја темели на историски податоци, а фикцијата деликатно се испреплетува со фактите.
Директното, експлицитно посочување на изворникот (мемоаристичката книга „Мојот балкански дневник“ на Џ. Џонстон Абрахам, еден од докторите, кои престојувале во Скопје за време на Првата светска војна) чие ‘ехо’ е романот, воопшто не ѝ пречи на приказната, туку напротив, овозможува увид во слоевитоста и комплексноста на наративните постапки. Писмото на Николова е моќно, автентично и рафинирано. Таа и во овој роман го покажува истенченото чувство за детали, кои го збогатуваат наративниот мозаик, и кои суптилно исткајуваат мрежа од симболи. Смелата авторска идеја е успешно реализирана во творечки резултат со високи естетски вредности. Авторката умешно ја води приказната до самиот крај, одржувајќи ја компактноста на структурата, уверливоста на изградените ликови и книжевни ситуации, како и стилско-јазичната префинетост“, ќе се посочи кон книгата.