Книга: „Невидливиот чувар“ – кој ги убива девојките

47

Книгата „Невидливиот чувар“ на Долорес Редондо е напнат и возбудлив психолошки трилер, со кој стартува Бастанската трилогија.

Првиот дел од трилогијата – „Невидливиот чувар“ започнува со трагично откритие на кејот на реката Бастан – голо тело на тинејџерка. По многу години минати надвор од Елисондо, инспекторката Амаја Саласар се враќа во родниот град за да го најде убиецот што своите жртви ги избира меѓу локалните млади девојки. Тој ги задушува и ги остава голи во шумата следејќи некаков вид мрачен ритуал. Додека се обидува да го изгради профилот на убиецот и да ги реши убиствата, Амаја мора да се соочи со сеништата од сопственото минато. Линијата помеѓу митологијата и реалноста почнува да се заматува и Амаја мора да открие дали убиствата се дело на ритуален убиец или на митското суштество познато како Басајаун – невидливиот чувар!