Книга: „Марика и Стравот“ – нечиј внатрешен свет

50

Во новелата „Марика и Стравот“ на Емилија Славковска има необична и нестандардна раскажувачка постапка – се раскажуваат приказни и мисли на различни луѓе, наназад, секоја наредна приказна се случува една година порано. Започнува со тажен крај, а завршува со среќен почеток.

„Темите во приказните содржат многу прашања и индивидуални заклучоци за љубовта, смртта, внатрешните конфликти и мисли кои би можеле да се наречат абнормални или нереални, иако притоа е речиси незабележлива границата меѓу реалноста и иреалноста. Сепак, ова дело овозможува поглед на реалноста од длабоко интерен (индивидуален) аспект, необјективен но искрен, издлабен со вистинско чувство и емоција од вистинска личност и дава можност да се искуси нечиј внатрешен свет од објективен читател“, ќе посочи издавачот „Македоника литера“.