Книга: „Лота во Вајмар“ – одговор на „Страдањата на младиот Вертер“

448

Романот „Лота во Вајмар“ на Томас Ман претставува еден вид одговор на познатиот роман „Страдањата на младиот Вертер“ од Гете.

„Во овој роман, Шарлота Кестнер, жената во која Гете во младоста бил несреќно вљубен и нивната љубовна приказна била инспирација за тој да ја напише својата славна книга, доаѓа во Вајмар за да се сретне со него речиси четириесет години по нивната последна средба. ‘Лота во Вајмар’ претставува живописен двоен портрет, сложена студија за Гете и за Лота. Во романот Гете е претставен од неколку различни перспективи: преку размислувањата на Лота, преку нејзините разговори со оние што го познаваат големиот човек и на крајот преку нејзината директна и конечна средба со Гете, средба по која мечтае и нетрпеливо ја очекува и самиот читател, како крајна дестинација до која не е лесно да се дојде: колку што е пократок патот до неа, толку тој се чини подолг, со што на некој начин авторот укажува на неможноста вистински да се продре до генијот. Книгата поставува бројни важни прашања за односот меѓу реалноста и уметноста и за комплексната позиција на генијот во општеството“, ќе посочи издавачот „Магор“.