Наградуваниот либанско-канадски писател Рави Хаж во својот најнов роман „Карневал“ се навраќа кон главната тема на своето творештво: животот на емигрантите и нивната неприпадност во „новиот свет“.

„Тој создава калеидоскоп од приказни кои се прелеваат една во друга, без амбиција да се изгради кохерентна целина, но токму спокојното и ненаметливо раскажување е главното ‘оружје’ на авторот и основата врз која се гради оригиналноста на овој исклучителен роман“, ќе посочат од издавачката куќа „Или-или“.

Инаку, канадскиот писател Рави Хаж е дете на светот. Неговите два романа, „Играта на Де Ниро“ (2006) и „Лебарка“ (2008) за кратко време постигнаа интернационален успех, ставајќи го Хаж на врвот на листите на омилени писатели кај многу угледни европски и американски интелектуалци.

Во 2012 година писателот ја заокружува неформалната трилогија токму со романот „Карневал“.