Книга: „Карантински приказни“ – од повеќе автори

46

„Карантински приказни“ е антологија на изолација со приказни од повеќе автори која излезе од печат во издание на „Три“.

„Годинава што ја живееме е година на предизвици, на застанати или одложени животни приказни. Карантинските приказни се омаж на времето поминато во карантин и наоѓањето утеха во исцелувачката моќ на зборот. Да ја запаметиме оваа 2020 како миг од нашата историја кога посведочивме големи промени, а ги запишавме заедно“, ќе посочат од оваа издавачка куќа.

И како што ќе истакне Маргарет Атвуд: „На крајот, сите стануваме приказни“.